Владата упати сочувство од Британија

Сподели со своите пријатели

Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II.

Loading...

Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.