Принцот Чарлс наследник на британската круна

Сподели со своите пријатели

Наследникот на британската круна, Чарлс, принцот од Велс е најстариот син на најдолготрајниот суверен во историјата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, војвода од Единбург.

Loading...

Британската кралица Елизабета Втора почина на 97-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал.

Според планот за смрт наречен „Операција Лондон Бриџ“, Советот за пристапување, во кој има високи владини претставници, ќе се состане утре во палатата Сент Џејмс за да го прогласи Чарлс за нов суверен.

Како најстар син на британскиот монарх, принцот Чарлс е наследник на тронот на Обединетото Кралство и четиринаесет други кралства на Комонвелтот.

Како британски престолонаследник, тој ја имал титулата принц од Велс и војвода од Ротези.

Роден е на 14 ноември 1948 година во Бакингемската палата како прв внук на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета.

По дипломирањето на Универзитетот во Кембриџ, од 1971 до 1976 г. служел во Кралските воздухопловни сили и морнарицата.

Во 1981 година се ожени со Лејди Дијана Спенсер, со која има два сина, принцот Вилијам и принцот Хари. Двојката се разведе во 1996 година.

Loading...

Дијана почина како последица на сообраќајна несреќа во Париз следната година.

Чарлс се ожени со својата долгогодишна партнерка Камила Паркер Боулс во 2005 година.

Покровител на преку 400 добротворни организации

Како принц од Велс, Чарлс извршувал службени должности во име на кралицата Елизабета Втора.

Тој го основал Фондот на Принцот во 1976 година и е покровител, претседател или член на преку 400 други добротворни организации и фондации.

Чарлс јавно зборуваше за прашања како што се органското земјоделство и климатските промени, што му донесе награди и признанија од здруженијата за заштита на животната средина.

Неговата поддршка за алтернативната медицина, вклучително и хомеопатијата, беше предмет на критики.

Тој е познат како љубител на архитектурата и често ја нагласувал важноста од зачувување на историските градби.

Од 1993 година, Чарлс работи на создавање на Паундбери, експериментален нов град заснован на неговиот архитектонски вкус.

Loading...

Тој е и автор или коавтор на неколку книги.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.