Новинарка на Би-Би-Си објави дека кралицата починала, а потоа се демантираше

Сподели со своите пријатели

Новинарката на Би-Би-Си, Јалда Хаким на Твитер ја објави веста дека кралицата Елизабета Втора починала, откако Бакингемската палата утрово изрази загриженост за нејзиното здравје.

Во меѓувреме таа го избриша твитот.

Во истиот пишуваше: „Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст, објави Бакингемската палата“.

 

 

 

Тоа не е вистина, па таа го избриша твитот.

Сепак, нејзината лажна објава се совпадна со извештајот на Би-Би-Си кој објави дека новите вести за Елизабета ќе пристигнат во 15 часот по локално време.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Протекоа „досиејата на Борис“ кои ги откриваат контроверзните афери на поранешниот британски премиер

Кога Хаким се огласи на Твитер, таа предизвика бранови на паника во Велика Британија.

Новинарката на Би-Би-Си подоцна повторно се извини на Твитер за нејзината објава.

– Твитнав дека е објавена смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше пост, па го избришав твитот. Жал ми е – напиша таа.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.  

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британија: Израелските акции во Газа не се геноцид