Најголемите кинески енергетски компании испраќаат течен гас во земјите од Европската унија со цел да се надмине енергетската криза која го зафати Стариот континент по руската инвазија на Украина.
Блумберг, како што пренесува Business Insider, наведува дека пратките досега ги праќале големите компании Sinopec и PetroChina.
Испораките од Кина доаѓаат откако Русија го прекина снабдувањето со гас во Европа преку Северен тек 1.
Дури и малите компании како кинеската ENN Energy Holdings одлучија да го понудат својот гас во Европа, гледајќи можност за добар бизнис.
Новите количества гас што ги добиваме од Кина треба барем малку да ја олеснат ситуацијата, но вреди да се напомене дека Европа, но и Азија се соочуваат со рекордни цени на природниот гас.
Во меѓувреме, Гаспром објави дека има намера да продава гас на кинески компании кои ќе го платат во рубљи, но и во јуани.
Минатата година Кина беше најголемиот светски купувач на течен природен гас. Сепак, строгите ограничувања во Пекинг поради КОВИД-19 доведоа до 20 проценти помала побарувачка оваа година.
Откако започна војната во Украина, Русија ја зголеми трговијата со Кина, што ја зголеми побарувачката за јуани.
Русија сега е трет по големина пазар на јуани во светот, пренесува Јутарњи лист
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.