Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл ќе отпатуваат во Шкотска, изјави портпаролот на двојката.
Сите четири деца на британската кралица Елизабета Втора отпатувале во замокот Балморал во Шкотска за да бидат со кралицата, бидејќи лекарите денеска изразиле загриженост за нејзиното здравје и препорачале да остане под медицински надзор, јавува британската телевизија ITV.
Принцот Чарлс со својот син принцот Вилијам, принцезата Ана, принцот Едвард и принцот Ендру пристигнаа во Балморал, пренесува Ројтерс.
Принцот од Велс отпатува во Балморал со неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, изјави портпаролот на неговата кралска резиденција, Кларенс Хаус.
Палатата Кенсингтон потврди дека и принцот Вилијам отпатувал во Балморал.
Бакингемската палата претходно соопшти дека лекарите се загрижени за здравјето на кралицата и препорачале таа да остане под медицински надзор во замокот Балморал во Шкотска.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.