Експлозија во хидроцентрала во Швајцарија: Неколку лица повредени, дел од објектот се урна

Сподели со своите пријатели

Две лица се тешко повредени денес, по експлозија во хидроцентрала на југот на Швајцарија, според швајцарските медиуми.

Кратко по 09:30 часот се случи експлозија во хидроцентралата Ритом во Пиота, во кантонот Тичино, кој се наоѓа на границата со Италија.

Кантоналната полиција потврди за Швајцарската радиотелевизија на италијански јазик (RSI) дека во централата се случила „сериозна несреќа на работното место“.

Како што наведуваат, станува збор за „инцидент што зафатил дел од зградата“ и во кој „две лица се здобиле со сериозни повреди“.

Во тек е голема итна интервенција, во која учествуваат пожарникари, служби за итна медицинска помош и хеликоптер за спасување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Google инвестира 13 милијарди евра во дата центри за вештачка интелигенција во Финска

Полициските службеници го опколиле и обезбедиле местото.

Кога станува збор за причините за несреќата, се претпоставува дека проблемот е од електрична природа на трансформаторот, за време на тестирањето и пуштањето во употреба на централата.