Се одржа втората Ендуро трка во Општина Старо Нагоричане (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Oпштина Старо Нагоричане изминатиот викенд беше организирана втората ендуро трка од Македонскиот шампионат на кој учествуваа 20 натпреварувачи.

Loading...

Трката беше организирана од мото клубот „Сторм Ридерс Тим Куманово“ и донесе адреналин и возбуда на голема публика која дојде да ги бодри учесниците кои се бореа за што подобри резултати.

 

 

Трката беше составена од 4 теста на кои се мереше време со мерна единица и 3 ендуро круга кои се возеа по околните планини.

– Вкупна должина на тестот беше 2.5км која беше рачно изработена од членовите на клубот кои цели 2 месеци секој ден макотрпно работеа за да направат прекрасна ендуро патека која ке ги задоволи ендуро стандардите. Тестот беше екстремно направен со препреки од попречени дрвја,камења, гуми – велат организаторите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спречен шверц на облека на ГП Табановце

 

Loading...

 

Најдоброто време на патеката направи Андреја Краљевски „Скачка” кој победи во најсилната класа во шампионатот Е1 класа. Неговото време за најбрз круг изнесуваше 5 минути и 23 секунди.

Краљевски е шампион во ендуро Е1 класата за 2021 година, и досега е убедливо најдобар возач во неговата класа со освоено прво место во Велес на трката која се одржа на 19ти јуни годинава и сега прво место во ендуро трката забел тој убедливо води во поените за да биде шампион и за 2022 година.

 

 

– Сторм ридерс Тим Куманово дава се од себе како и до сега за да може да му  помогне на било кој начин за да успее да ја освои шампионската титула и  оваа година, велат од клубот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе донира пари за Нови Сад и семејството на загинатиот Васко Саздовски

По него најдобро време имаше Виктор Караколев  од Moто Клуб Ендуро Тим Водно Скопје со 5 минути и 24 секунди и со тоа Виктор го совои второто место во ендуро Е1 класата.

 

 

– Оваа година генрален спонзор на настанот беше Општина Старо Нагоричане која несебично како и секоја година овозможува да го направиме настанот на високо ниво и да ја задржиме традицијата 14 години по ред. Голема Благодарност и до останатите спонзори на настанот: Мотоциклистичка федерација на Македонија, Kymco Motors Macedonia, Peda motors Macedonia, Gareja Media, Online shop Gareja magazine, Joco turs Kumanovo, Evros Komerc, Златна 9ка и Гостилница Мујо – стои во соопштението на организаторите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

 

 

Loading...

Тимот на Сторм ридерс Куманово, кој е организатор на манифестацијата, е составен од 10 члена во кој 5 члена се активни. Тимот не е спозориран и членовите сами се финансираат од денот на основање.

 

 

– Тим од речиси 5 лица кој не е спонзориран е способен да направи феноменална трка и атмосфера. Кога би застанал спонзор зад нив кој може да им ја разбере идејата трудот и љубовта што ја вложуваат во овој спорт дали би замислиле како тоа би изгледало и какви резултати би оствариле на македонските па дури и на европски сцени, велат организаторите.

Никола Ивановски

Loading...