Најмалку пет лица загинаа, а седум се ранети денеска во руски бомбашки напади врз центарот на Харков, во североисточна Украина, соопштија градоначалникот и регионалниот гувернер.
Loading...
„Руските окупатори ги бомбардираа централните области на Харков“, изјави гувернерот Олег Синегубов на Телеграм.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, подоцна на Телеграм објави дека петмина се мртви, а седуммина се ранети.
Официјалните лица ги повикаа жителите да останат во засолништа.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.