Три последователни силни земјотреси во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Областа на Индонезија од утрово е погодена од три силни земјотреси. Нема извештаи за жртви. Причинета е материјална штета.

Loading...

Пред зори островската држава Индонезија ја погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а за помалку од еден час се случи земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.

Трет земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на островот Суматра, јавува Ројтерс.

Индонезиската метеоролошка и геофизичка агенција (BMKG), исто така, регистрираше плиток земјотрес во близина на островот Ментаваи, во близина на западниот брег на Суматра, нешто пред 10:30 часот и објави дека нема предупредување за цунами.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БИЗАРОЗНО! Го убила сопругот, па на Фејсбук се допишувала со луѓе во негово име

Агенцијата првично ја измери магнитудата на 6,4 единици, но ја ревидираше на 6,1, потврди портпаролот на БМКГ.

Земјотресот силно го почувствувале и жителите на островот Ментаваи, во главниот град на провинцијата Паданг и во околината на планинската област Букитинги, се наведува во соопштението.

Потврдено е дека нема извештаи за жртви, а причинета е помала штета на зградите на островот Сиберут.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 11,9 километри.

Loading...