Украдена позната фотографија од Винстон Черчил, заменета со лажна

Сподели со своите пријатели

Една од најпознатите фотографии на Винстон Черчил исчезна пред неколку дена од хотелот во канадскиот град Отава каде што се наоѓала.

Loading...

Утврдено е дека е заменето со лажна фотографија, а целиот случај го истражува полицијата.

Познатата фотографија на Винстон Черчил е направена во 1941 година.

Фотографијата позната како „Лавот што рика“ ја направил Јусуф Карш набргу откако Черчил одржал воен говор во канадскиот парламент, пренесува порталот Klix.

Еден член на персоналот во хотелот Шато Лауриер прв забележал дека фотографијата е заменета на 19 август, јавува Би-би-си.

Фотографијата на поранешниот британски лидер го покажува во канадскиот парламент неколку моменти откако фотографот славно ја извадил цигарата од устата на Черчил.

Персоналот во хотелот Шато Лориер првпат сфатил дека нешто не е во ред во петокот, кога членовите на персоналот забележале дека рамката на фотографијата не се совпаѓа со онаа на другите слики на Карш во истата просторија.