Почна изградбата на улица „1“ во Доброшане (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на улицата „1“ во кумановско Доброшане, соопштија денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

 

 

Улицата веќе се асфалтира и се очекува да биде завршена во предвидениот рок.

 

 

Loading...

Околу оваа улица се наоѓаат индустриски капацитетите на неколку мали и средни претпријатија од Куманово.

– Улицата се гради во должина од 560 метрим или вкупно се поставува асфалт со дебелина од седум сантиметри на површина од 2.227 метри квадратни. За изградба на улицата на јавен повик избрана е радовишката компанија „Ве Група“. Од буџетот се одвоени 3.624.547 илјади денари, изјави помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

 

 

Тој очекува со изградбата на улицата подобро инфраструктурно поврзување на индустриските капацитети со регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

 

Loading...
МИА