Почнувајќи од денеска до 29 јануари невработените лица може да аплицираат на огласот на Агенцијата за вработување за неповратна поддршка од 3.200 евра во вид на опрема, материјали и експертска помош преку проектот на АВРМ за самовработување.
На овој оглас се очекува да се одобрат половина од 920 предвидените грантови, а останатите на втор повик на средина од годината.
Со цел мерката да биде поуспешна на двата огласи ќе бидат избрани вкупно 1.500 најдобри кандидати кои прво ќе добијат обука, а потоа ќе може да аплицираат за средства. За бизнисите со најголем потенцијал има можност да се додели грант за дополнително вработување, а вкупната поддршка може да достигне до 5.600 евра.
Програмата за самовработување владата ја спроведува во парнтерство со УНДП десетина години и преку неа досега се отворени над 7.600 фирми.