Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ги повика граѓаните активно да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година, преку споделување на своите идеи, предлози и приоритети.
Димитриевски ги охрабри сограѓаните да го пополнат онлајн анкетниот прашалник, со цел планирањето на буџетските средства да одговори на реалните потреби на граѓаните и да придонесе за подобар квалитет на живот во општината.
„Заедно да ги утврдиме приоритетите и да креираме буџет во интерес на сите граѓани“, порача градоначалникот.
Анкетниот прашалник е достапен на веб-страницата на Општина Куманово, а граѓаните ќе можат да го пополнат заклучно со 7 декември 2026 година.

