На 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, во заседа беше нападнат конвој на АРМ, при што загинаа 10 војници.
Смртно страдаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце.
Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово.
Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи.
Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите.
Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.
Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско.
По нападот македонските безбедносни сили ги употребиле авионите „Сухои“ за надлетување на теренот, а за цело време надлетувале и хеликопетрите. Автопатот Скопје – Тетово бил затворен за сообраќај.
Никој од командната и раководна структура во македонскиот воен и цивилен естаблишмент не ја презел одговорноста за жртвите и направените штети.
За време на нападот, министер за одбрана бил Владо Бучковски.