Во Куманово казнети 12 пијани возачи

Сподели со своите пријатели

Дванаесет возачи кои управувале возило под дејство на алкохол биле казнети изминатата ноќ на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатата вечер (29/30.07.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив 12 на територија на СВР  Куманово, стои во соопштението на полицијата.

Засилените акциски контроли, како што посочуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово се одржа дискусија за законите за јавна администрација (ВИДЕО)

Никола Ивановски