Претседателот на Украина Володимир Зеленски, по повод доделувањето на статусот на Украина за кандидат за членство во ЕУ, изјави дека Украина во иднина ќе стане членка на ЕУ и дека тоа сега е фиксирано на официјално ниво.
Loading...
Зеленски во видео порака го нарече стекнувањето на статусот кандидат за ЕУ „точка од која нема враќање“, соопшти неговата прес-служба.
Тоа денес е препознаено: Украина не е мост, не е перница меѓу Западот и Русија, не е тампон меѓу Европа и Азија, не е сфера на влијание, не е „сива“ зона, не е граница меѓу орки и џуџиња. Украина е иден партнер за најмалку 27 земји од ЕУ, рече Зеленски, пренесува Интерфакс Украина.