Британија ги менува трговските правила за Северна Ирска

Сподели со своите пријатели

Британската влада во понеделник ќе предложи закон со кој еднострано ќе се укинат трговските правила за Северна Ирска воведени по Брегзит, и покрај фактот што тоа може да започне трговска војна со Европската унија.

Loading...

Лондон вели дека продолжува да се залага за договор со Европската унија за реформирање на „Протоколот за Северна Ирска“ чиишто одредби ги отфрлаат пробританските унионисти на поделената територија на покраината.

Но, во отсуство на договор преку дијалог, законот би стапил на сила за да ги замени одредбите од британскиот договор за повлекување.

Британската влада тврди дека тоа не го прекршува меѓународното право.

Британскиот министер за Северна Ирска Брендон Луис во неделата изјави дека протоколот ја нарушил трговијата и ја загрозил работата на властите во покраината поради отпорот на унионистите.

„Значи, правилно е да се поправи тоа“, рече тој, додавајќи дека потребата да се заштити мировниот договор од 1998 година во Северна Ирска има „примат“ над протоколот.

Луис ги отфрли заканите од некои во ЕУ дека едностраните промени може да предизвикаат суспензија на поширок трговски договор договорен како дел од повлекувањето на Британија од ЕУ, што ќе доведе до санкции и царини против Британија.