Железничкиот сообраќај од Куманово кон Табановце и од Куманово до Република Србија од вчера не се одвива, стои во редовната информација на Центарот за управување со кризи.
Loading...
Причината, според надлежните е падната гранка на контактна мрежа и немање напон на истата.
– РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од Македонски Железници, во која се наведува дека поради падната гранка на контактна мрежа и немање напон во истата од 17:00 часот, железничкиот сообраќај од Куманово до Табановце и од Куманово до Република Србија не се одвива, стои во соопштението.
фото: ФБ