Хеликоптер со седум лица исчезна во Италија

Сподели со своите пријатели

Хеликоптер со седум лица, меѓу кои четворица турски државјани исчезнал денеска на северот на Италија, јавуваат турските медиуми.

Loading...

Според телевизијата НТВ, хеликоптерот кој полетал од градот Лука бил на пат кон Тревизо, кога исчезнал од радарот во близина на Модена.

Италијанските спасувачи започнаа потрага по хеликоптер во шумската област на планините Апенини во регионот Емилија-Ромања.

Пребарувањето користи високотехнолошки инструменти за откривање на мобилни телефони, дури и во области каде што нема покриеност, пренесува АП.

Турската компанија Екаџибаши соопшти дека во таа фирма биле вработени турските државјани кои биле во хеликоптерот, а на саемот биле во Италија.

НТВ наведува дека хеликоптерот припаѓал на италијанска компанија за производство на производи за чистење домаќинство и дека бил користен за транспорт на турски клиенти во нејзината фабрика.