Потврдени 704 случаи на мајмунски сипаници во 18 европски земји

Сподели со своите пријатели

До 8 јуни, во Европската унија и во Европската економска област (ЕЕА) се потврдени 704 случаи на мајмунски сипаници во 18 земји, додека во светот се пријавени 1.177 случаи, објави денеска Европскиот центар за контрола и превенција на заразни болести.

Loading...

Најголем број заразени, 198, е забележан во Шпанија, 191 случај се регистрирани во Португалија, додека 113 случаи на зараза со мајмунска сипаница во овој период се регистрирани во Германија.

Двоцифрен број на заразени се забележани во Франција (66), Холандија (54), Италија (29) и Белгија (17).

Шест случаи на заразени се регистрирани во Словенија, а по еден во Австрија и Унгарија.

„Најмногу случаи се регистрирани кај млади мажи кои имаат секс со мажи, а досега не е забележан ниту еден смртен случај“, се вели во соопштението.

Клиничката слика генерално се опишува како блага, во повеќето случаи со лезии на гениталиите или перигениталната област, што укажува дека преносот најверојатно настанал преку близок физички контакт за време на сексуалната активност.

Што се однесува до податоците на глобално ниво, до 8 јуни се потврдени 473 случаи на инфекција со мајмунски сипаници надвор од ЕУ и ЕЕА.

Случаи се пријавени во Обединетото Кралство (321), Канада (81), САД (35), Обединетите Арапски Емирати (13), Швајцарија (10), Австралија (6), Израел (3), Аргентина (2 ) и по еден во Мексико и Мароко.

Loading...