КК Куманово ги продолжи договорите со Марјановиќ и Јузбашиќ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово 2009 денес и официјално ги продолжи договорите со двајцата српски интернационалци Андрија Марјановиќ и Душан Јузбашиќ.

Loading...

Двајцата кошаркари во Куманово пристигнаа пред крајот на минатата сезона и одиграа инзворедни натпревари во плеј-аут лигата.

Марјановиќ и Јузбашиќ во договор со стручниот штаб и управата на клубот решија да ја продолжат соработката на уште една година.