Летото ќе побрза: Следуваат вистински летни денови

Сподели со своите пријатели

Според синоптичарите на УХМР, денес во Македонија се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец..

Loading...

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 3 до 9, а највисоката дневна ќе достигне од 22 до 28 степени.

Од понеделник до четврток ќе бидеме под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе услови сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во вторник и среда дневната температура ќе биде многу над просекот за овој период од годината и во поголем дел од земјава ќе го надмине 30-иот степен Целзиусов, а УВ индексот ќе има висока вредност 7.

Во четврток попладне се очекува појава на нестабиност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Leave a Reply