Џим Грин цел живот работеше за НАСА. Во оваа организација тој помина вкупно 40 години, а се повлече од позицијата главен научник на еден од истражувачките оддели. Во интервју за Би-Би-Си, тој ги сподели своите размислувања за вонземјаните и истражувањето на вселената.
Иако претходно тврдеше дека вонземјаните мора да постојат, сега отиде чекор понатаму. Тој е сигурен дека луѓето ќе стапат во контакт со нив во следните неколку години.
– Нашиот напредок е огромен и нашето знаење за универзумот расте од ден на ден. Многу од планетите што ги откривме се во „позиции“ погодни за живот, доволно далеку од ѕвездите и овие планети може да содржат вода – вели Грин на почетокот и веднаш продолжува:
– И не само во течна форма, туку и во сите агрегатни состојби, што за нас е еден од знаците на живот. Пронаоѓаме планети кои се погодни за живот – вели научник во пензија.
Тој понатаму вели дека новите телескопи ќе ни дадат поблиски поглед на другите планети и состојбата на нивната атмосфера, што, според него, ќе не доведе до огромни откритија и на крајот до контакт со вонземјани.
– Мислам дека во следните неколку години конечно ќе одговориме на прашањата „Дали сме сами во вселената“ и „Како ’завршивме’ овде на оваа планета“ – вели на крајот Грин.