Според Spotify, Италија има големи шанси да го повтори успехот на Манескин на овогодинешното евровизиско издание во Торино.
Spotify собра податоци за гледаноста и изведувачите кои се натпреваруваат, а Махмуд и Бланко, претставници на Италија, со песната „Бривиди“ се на самиот врв.
Податоците на Spotify покажуваат дека настанот е попопуларен од кога било: стримовите на песните на Евровизија се зголемија за 594% во текот на изданието во 2021 година, со речиси 27 милиони минути стриминг.
Како и минатата година, 71% од стримовите на песните на Евровизија доаѓаат од слушатели на возраст меѓу 13 и 34 години.
„Бривиди“ беше најслушаната песна на Спотифај меѓу натпреварувачите на Евровизија во периодот од јануари до март 2022 година, со над 80 милиони стримови, 5 пати повеќе од „Hold Me Closer“ на Корнелија Јакобс (Шведска). На трето место е песната „De Deipte“ на пејачот S10 (Холандија).
„Chills“ е најслушаната песна во повеќето земји-учеснички.
Песната на нашата претставничка Андреа „Circles“ е преслушана нешто над 519.000 пати.