Кошаркарскиот клуб Куманово денес ги продолжува своите настапи во плеј-аут лигата на македонскиот кошаркарски шампионат.
Loading...
Противник на избраниците на тренерот Владимир Мирковски ќе биде скопскиот МЗТ Скопје Уни Банка или поточно вториот тим на македонскиот кошаркарски шампион.
Домашниот тренер нема да може да смета на Александар Андрејевиќ и Ѓукан Ѓукановиќ кои се повредени и не се во комбинација за денешниот меч.
Натпреварот К.К Куманово 2009 – МЗТ Скопје Уни Банка ќе стартува од 18 часот и ќе се одигра во спортската сала на Средното економско училиште Перо Наков во Куманово.