Милионер близок до Кремљ пронајден мртов во својот луксузен стан: Застрелани сопругата Јелена и ќерката

Сподели со своите пријатели

Поранешниот функционер на Кремљ и поранешен потпретседател на Гаспром банка Владислав Аваев е пронајден мртов во својот луксузен стан во Москва, а полицијата ги пронашла и телата на неговата бремена сопруга Јелена и нивната ќерка (13).

Loading...

Телата ги пронашла постарата ќерка Анастасија.

 

Москва го ограничи пристапот до веб-страницата на Хјуман рајтс воч

 

Според полицијата, Владислав, Јелена и нивната ќерка Марија се здобиле со прострелни рани.

Аваев претходно работеше како висок извршен директор во Гаспром банката, што е клучен дел од планот на Владимир Путин да му возврати на Западот со плаќање гас во рубљи.

 

Loading...

Украинскиот воен гувернер предупреди на можни руски „провокации“ за време на велигденските празници

 

Во станот биле пронајдени 13 парчиња оружје, а станот бил заклучен одвнатре. Се верува дека станува збор за убиство и самоубиство.

Соседите се сомневаат дека санкциите кои Западот ги воведе кон Русија влијаеле и на богатството на Аваев и дека тоа можело да биде „тригач“ за злосторството.