Турски воени авиони, хеликоптери и беспилотни летала погодија курдски воени цели, кампови, тунели, засолништа и складишта за муниција во северен Ирак, изјави министерот за одбрана Хулуси Акар за државната новинска агенција Анадолу.
Акар посочи дека турската операција продолжува успешно според планираното и вклучува ангажман на командоси.
„Целите се идентификувани и окупирани во првата фаза“, рече Акар, но не даде информации за жртвите од операцијата.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Жена во Харков оди по улица, а гранати паѓаат на неколку метри од неа (ВИДЕО)
– Операцијата наречена „зафат со канџи“ има за цел да спречи терористички напади, да ја зајакне граничната безбедност и е поддржана од артилериски единици, додаде Акар.
Офанзивата е дел од кампањата на Турција во Ирак и Сирија против милитантите на Курдската работничка партија (ПКК) и милициите на сириските Курди кои Анкара ги смета за терористички.