„Куманово Паркинг“ за три месеци годинава инкасираше 5, 2 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“ за три месеци, јануари февруари и март годинава инкасираше 5, 2 милиони денари, што е за милион повеќе во однос на истиот период 2021 година, информираа денеска надлежните. Од претпријатието ги повикаа советниците да придонесат во креирањето на развојната политика на претпријатието и да ги следат насоките на ревизијата која препорачува да се исцртаат нови паркинг места.
Куманово има 500 паркинг места во зона „А“ и 80 во зона „Б“, што, според надлежните од претпријатието е недоволно, бидејќи сите помали општини со помал број на жители од државата имаат повеќе.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

-Во разговор со градоначалникот на Куманово со јавните претпријатија „Куманово План“, и „Водовод“, дојдовме до заклучок дека треба да работиме во таа насока. Одржавме состанок со станбени домари за куќните совети. Добивме барање секаде каде што има законска можност да се креираат паркинг места. Потребна е целосна согласно од граѓаните, што ја обезбедуваме во наредниот период, изјави директорот на ЈП „Куманово-Паркинг“, Сашо Петрушевски.

Ова е првична анализа на претпријатието, согласно бројот на жители во Куманово и бројот на возила. Од „Куманово-Паркинг“ информираа дека во завршна фаза е набавката на општина Куманово преку заем, проектот за набавка на работни машини, меѓу нив и набавка на пајак возило. Позајменото од Скопје со кое сега работи претпријатието веќе е амортизирано.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

Ова претпријатие должи и на ЈП „Чистота и Зеленило“ од 2014-та, како и кон општината поради неплатени комунални такса за 2020 и 2021 година.

-Околу седум милиони денари е долгот. Не може да ги исплатиме наеднаш, направивме договори за рати. Во однос на другите претпријатија од државата сме на најниско оперативно ниво со мал број вработени 38 до 40 вработени, немаме можност да вработуваме, бидејќи сме на најниско развојно ниво. Технологијата оди напред со рампи и картички со повеќе ангажман и нови паркинг места тоа мора да го достигнеме и ние во следниот период, појасни Петрушевски.