Општина Липково добива камион за смет, 850 канти и 10 контејнери (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во рамки на проектот „Помалку ѓубре, помалку ризици, повеќе здравје“ преку ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија, во општина Липково набавен е камион за собирање и транспорт на цврст отпад, канти и 10 контејнери, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Loading...

 

 

– Општина Липково во партнерство со Јавното претпријатие „Моравица“ од Прешево, Република Србија потпишаа договор за грант во вкупен износ од 253,762 Евра кои 85 отсто од средствата се финансираат од Европската унија и 15 проценти од кофинансирањето се врши преку Министерството за локална самоуправа. Преку овој проект освен возило за собирање на смет со капацитет од 4-6 метри кубни, 10-те контејнери со капацитет од 1100 литри, и 850-те канти за смет со капацитет од 120 литри, набавена е и ГИС (GPS) платформа за поефикасно собирање на смет. Исто така спроведени се и активности за подигнување на свеста преку јавни дебати и промотивен материјал, појасни Милевски.

– Среќни сме што преку проектот за потребите на општината и претпријатието со набавката на опремата ни се овозможија подобри услови за работа, истакна Валдете Рамадани директорката на ЈКП Липково.

 

Loading...

 

За проектот од Општина Липково се издвоени 131.747 евра, од ЕУ 111.721 евра и министерството за локална самоуправа 20.025 евра, а директни корисници на проектот се повеќе од 500 домаќинства или 2.000 жители од руралните подрачја на двете општини.

– Уверен сум дека ќе имаме уште многу проекти преку ИПА 2 Програмата за прекуграничната соработка во кои како општина земаме активно учество секоја година, истакна Еркан Арифи градоначалникот на Општина Липково.