Русите објавија сателитска снимка од седиштето на НАТО: „Момци, ве гледаме!“

Сподели со своите пријатели

По повод 4 април, денот на формирањето на НАТО, генералниот директор на Роскосмос Дмитриј Рогозин оцени дека Алијансата е главната закана за светот.

Loading...

Рогозин ги повика членките на Алијансата да запомнат дека Русија ги набљудува од вселената.

 

Захарова: Киев настојува да ги наруши мировните преговори

 

„Би сакал моите стари познаници од работа во Брисел, особено Столтенберг, да се восхитуваат на роденденот на НАТО во нивната канцеларија користејќи сателитска снимка од леталото Роскосмос. Момци, ве гледаме. Имајте го тоа на ум“, напиша Рогозин.

 

Loading...

 

Заедно со соопштението, тој сподели и сателитска снимка од седиштето на Алијансата во Брисел, која ја направи рускиот сателит Resurs-P, пренесува РИА Новости.

Рогозин потсети дека на 4 април 1949 година претставниците на 12 земји – Белгија, Велика Британија, Данска, Исланд, Италија, Канада, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, САД и Франција го потпишаа Северноатлантскиот договор.

 

Во Украина досега убиени 1.417 цивили

 

Така се роди НАТО – главната закана за целиот свет кој ја преживеа Втората светска војна“, рече Рогозин, пренесува Танјуг.