Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да се воведат дополнителни санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските сили за убивање цивили во украинскиот град Буча.
Loading...
Макрон за радиото Франс Интер изјави дека има „многу јасни индиции“ кои укажуваат дека руските сили се одговорни за воените злосторства во Украина, пренесува Ројтерс.
Русија ги отфрли обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства врз 20 цивили.
Министерството за одбрана соопшти дека сите руски единици целосно се повлекле од Буча на 30 март, ден по разговорите меѓу делегациите на Русија и Украина лице в лице во Турција, пренесе Танјуг.