Повеќе локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на надлежните екипи.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода во текот на денот ќе биде улицата „Фетка Наскова“ бр. 32 и околните објекти поради замена на затворач на водоводна мрежа на станбена зграда.
Поради дефект на водоводната мрежа без вода ќе биде улицата „120“ во населбата Карпош, како и СОУ Перо Наков.
Локалитетот Поток серава ќе биде без вода поради приклучок на водоводна мрежа.
На улицата „Тоде Мендол“ бр. 116 ќе се извршува изместување на водомерна шахта, додека на м.в. Романовски пат порамнување на терен и изнесување на вишок на земја од ископ.
Никола Ивановски