Речиси 530.000 жители на самопрогласените Доњецка и Луганска народна република (ДНР, ЛНР), како и од територијата под украинска контрола пристигнаа во Русија, соопштија денеска за ТАСС властите на ДНР и ЛНР.
Loading...
Од утрово од овие територии во Русија дошле речиси 530.000 луѓе, а само во текот на претходниот ден околу 37.000, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од проруските сили во Донбас.
Каква е улогата на Роман Абрамович во преговарачкиот процес?
Се наведува и дека се евакуирани повеќе од 107.000 деца.
Повеќето цивили од Донбас влегле во Русија во Ростовската област, а бегалците од територијата под украинска контрола преку контролните пунктови во регионите Белгород, Курск, Брјанск и Крим, јави ТАС С.