Украинските вооружени сили соопштија дека постои опасност од експлозија на муниција во нуклеарната централа во Чернобил и дека руските сили кои ја окупираа централата мора да се повлечат од таа област, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
БиБиСи: Експлозии во близина на Киев, руските сили апсат во Запорожје и Херсон
Таа наведе и дека Украина во вчерашните разговори побарала од Русија да дозволи формирање на 97 хуманитарни коридори до најтешко погодените градови и села во Украина, пренесува Ројтерс.
„Бараме Советот за безбедност на ОН веднаш да преземе мерки за демилитаризација на ексклузивната зона во Чернобил и да воведе специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарната катастрофа“, рече Верешук.