Два сребрени медали од Европскиот куп за кумановските кик-боксери (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со два сребрени медали се вратија натпреварувачите на Кик-бокс клубот Куманово 2006 од Европскиот куп што изминатиот викенд се одржа во Краљево, Република Србија.

Loading...

 

 

Лука Велковски во финалето беше поразен од Стефан Ѓуричиќ од српскиот клуб Спарта. Велковски добро се бореше, но противникот беше посикусен и ја однесе победата.

 

 

Loading...

Сребрен медал освои и Јосиф Илиевски кој во финалето се сретна со Бењамин Муковиќ од клубот Универзум кој беше поуспешен од него.

– Со оглед на конкуренцијата и бројноста на натпреварувачите јас сум задоволен од постигнатите резултати и очекуваме успех и во иднина. Благодарност до градоначалникот и Општинскиот сојуз на спортови кои помогнаа да може да го реализираме учеството на турнирот, изјави тренерот на клубот Сашо Илиевски.

 

 

Освен КБК Куманово 2006, од Македонија медали освоија повеќе клубови предводени од претседателот на Кик-бокс федерацијата Дејан митровски Урко.

 

Loading...

 

Инаку, турнирот беше организиран под WAKO светската организација и учество зедоа околу 300 натпреварувачи од 13 европски земји.

Никола Ивановски