Три лица загинаа во четвртокот вечерта кога руски авиони го бомбардираа градот Охтирку во регионот Суми, изјавија локалните власти за Би-Би-Си.
Loading...
Меѓу убиените има и 13-годишно момче и две жени.
Шефот на регионалната администрација Дмитро Живицки изјави дека нешто по полноќ по локално време биле погодени станбените области и гасоводот.
Десет минути подоцна биле бомбардирани и предградијата на Суми.
Живицки рече и дека хуманитарните коридори се очекува да бидат отворени во 9 часот по локално време за евакуација на цивилите.