ФИФА и УЕФА заеднички одлучија сите руски тимови, без разлика дали се национални или клупски, ќе бидат суспендирани од учество во натпреварите на ФИФА и УЕФА до понатамошно известување.
„По првичните одлуки усвоени од Советот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА), кои предвидуваа усвојување дополнителни мерки, ФИФА и УЕФА денеска заедно одлучија до сите руски репрезентации, без разлика дали е национален или клупски, го суспендира учеството и во натпреварувањата на ФИФА и на УЕФА до понатамошно известување.
ГОРИ НЕБОТО НАД КИЕВ: Силни експлозии кај главниот град (ВИДЕО)
Овие одлуки денеска ги усвоија Бирото на Советот на ФИФА и Извршниот комитет на УЕФА, односно највисоките тела за одлучување на двете институции за вакви итни прашања.
„Фудбалот овде е целосно обединет и полн со солидарност со сите засегнати луѓе во Украина. Двајцата претседатели се надеваат дека ситуацијата во Украина значително и брзо ќе се подобри за фудбалот повторно да биде вектор на единство и мир меѓу луѓето“, се вели во соопштението на ФИФА.