ГОРИ НЕБОТО НАД КИЕВ: Силни експлозии кај главниот град (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 18.40 часот по локално време во Украина источно од центарот на Киев се слушнале неколку големи детонации. По нив следеа сирени кои се огласија низ градот.

Loading...

„Скај њуз“ објави видео од наводната експлозија, а уредничката на овој медиум Дебора Хејнс изјави дека „прозорците се тресеа од експлозиите што ги слушнавме пред малку“.

Воздушниот напад наводно се случил на периферијата на градот Бровари кај Киев, а наводно има и ранети, изјави градоначалникот Игор Сапожко.

„Пред неколку минути беше извршен воздушен напад на периферијата на Бровар кон Киев. Има ранети. Останете во засолништата“, напиша Сапожко на својот Фејсбук профил, пренесува Интерфакс Украина.

Претходно, украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во масовното гранатирање во Харков загинале десетици луѓе, додека жестоките борби продолжуваат и петтиот ден од конфликтот.

 

 

Loading...

Инаку на камерата која емитува во живот од центарот на Киев делува мирно, но во далечина се слушаат повремени силни рафални стрелби.

 

https://youtu.be/zvQ3xdsur38