Двајца припадници на лондонската полиција, кои нехумано постапувале со две жртви, сестри Афроамериканки, од сопствената забава, фотографирајќи ги и споделувајќи фотографии од местото каде што лежеле убиени, беа осудени на по две години и девет месеци затвор.
На Дениз Џафер (47) и Џејми Луис (33) им било наредено да го чуваат местото на злосторството во лондонскиот парк каде двете сестри, Никол Смолман (27) и Биба Хенри (46), биле пронајдени избодени до смрт во јуни 2020 година, пишува британскиот весник Гардијан“.
Наместо тоа, тие ги фотографирале и ги споделиле фотографиите со нивните тела во две Воцап групи, нарекувајќи ги жртвите мртви птици.
Една група на Воцап, наречена А тим, се состоела од 41 полицаец.
Пресудата е донесена по судски процес на кој двајцата ја признале вината за недолично однесување при вршење на јавна функција.