Оваа торта е толку лесна за подготовка што дури и оние помалку искусни домаќинки ќе ја направат бес никаков проблем. Можете да го направите со различни сокови и на тој начин да добиете колачиња со други бои
Состојки:
100 гр шеќер
1 литар сок или 5 чаши (може да биде сок од портокал или цреша)
120 гр пченкарен скроб (1 чаша)
кокос за декорација (по избор)
Подготовка:
Ставете шерпа на плочата за готвење, истурете 5 чаши сок и нежно загревајте. Потоа додадете пченкарен скроб и мешајте додека не се стопи. Додадете шеќер додека не добиете густа маса како за пудинг.
Потоа ставете ја смесата во калапите по ваш избор, кои претходно сте ги навлажниле со вода. Оставете малку да се излади и наместете. Кога ќе го извадите колачот од калапот, ставете го во кокос и послужете го.