Инспекторатот зеде брисеви од кумановската градинка и ја затвори кујната

Сподели со своите пријатели

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска зел брисеви од нежива средина и еден вработен од кујната на кумановската градинка „Ангел Шајче“, по што ја затвори со службена лента просторијата.

Loading...

ДСЗИ бил известен од страна на Центарот за јавно здравје Куманово дека постои сомнение за труење со храна кај триеисетина деца на возраст од две до шест години кои ја посетувала градинката, а дека три од нив се хоспитализирани.

– Веднаш по добивањето на информацијата, екипа во состав на државен здравствен и санитарен инспектор, државен инспектор за храна како и епидемиолог и медицински техничар од ЈЗУ Центар за јавно здравје, изјвршија надзор во кујната и занималните на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ клон Пчелка. Во обој објект се наоѓа централната кујна во која се подготвуваат околу 350 оброци дневно и се дистрибуираат во уште два објекти, информираат од инспекторатот.

Од страна на ДСЗИ, при надзорот во кујната и останатите помошни простории била констатирана фактичната состојба во однос на хигиената на просторот и опремата, а биле земени и 7 брисеви од нежива средина и еден од вработен.

– Поставена е службена лента на кујната „Затворено од Државен санитарен и здравствен инспекторат“, а записнички и со решение ќе бидат забранети за употреба и занималните од групите во кои се регистрирани децата со симптоми, информираат од ДСЗИ.

– Во петок две деца пројавија симптоми на температура, дијареја, ги повикавме родителите, ги зедоа. Оттогаш немаме информации дека имало јавувања на наши деца во болницата во Куманово. Во недела навечер разбрав и се слушнав со Центар за јавно здравје, со ДСЗИ и со АХВ, рекоа дека денеска ќе дојдат и ќе почнат со епидемиолошко истражување на случајот, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.

Таа појаснува дека не можат да потврдат за што конкретно станува збор, бидејќи треба да се направат микробиолошки анализи, да стигнат резултати од брисови, од кујната и од други места. Алексовска информираше дека и самите одлучиле кујната да престане со работа, уште вчера, а денеска официјално е затворена од соодветните институции.

– Одговорот ќе го дадат овие три институции кога ќе се заврши целосната анализа, вели Алексовска. Според списокот на јадења во четвртокот и петокот децата консумирале различна храна.

Loading...

Таа апелираше до родителите на децата да не се грижат, децата се безбедни, храна ќе добиваат од втората кујна, информирајќи дека досега во градинката немало вакви проблеми и дека кујните се реновирани со високопрофесионална опрема.

Никола Ивановски

Leave a Reply