Осум прекршувања на полицискиот час ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осум лица во текот на ноќта го прекршиле полицискиот час, додека пак поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, казнети биле 77 лица.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.04/21.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 123 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 77, во Крива Паланка 25 и во Кратово 21.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 8 (осум) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply