Инстаграм воведува строго правило: Ќе им биде достапно на некои земји, а потоа и на остатокот од светот!

Сподели со своите пријатели

Возрасните веќе нема да можат да испраќаат директни пораки до тинејџери кои не ги следат, а помладите корисници ќе бидат предупредени кога испраќаат директни пораки до постари лица кои покажале потенцијално сомнително однесување.

 

 

Младите ќе можат да пријавуваат или блокираат возрасни корисници кои им испраќаат пораки, а Инстаграм ќе ги потсети дека не мора да одговараат на пораките, како и да бидат претпазливи кога споделуваат фотографии, видеа или информации со некој што не го познаваат.

Сомнителното однесување подразбира голем број барања за следење и пораки до лица под 18-годишна возраст. Оваа можност ќе биде достапна во некои земји веќе овој месец, а наскоро и во остатокот од светот, пренесува Кликс.

 

 

Инстаграм работи и на технологија која ќе се обиде да утврди колку години имаат навистина корисниците. Според сегашните правила, луѓето на возраст под 13 години не можат да создадат профил на Инстаграм, но ова е многу лесно да се избегне.

Leave a Reply