СОСТОЈБАТА СЕ ВЛОШУВА: Милиони девојчиња ќе стапат во брак во текот на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Под пандемија на коронавирус, десет милиони деца може да се омажат до 2030 година, предупреди УНИЦЕФ во понеделникот, а други 100 милиони девојчиња може да бидат принудени на брак до крајот на деценијата.

Loading...

Браковите на девојчиња на возраст под 18 години се резултат на повеќе фактори поврзани со кризата од „ковид-19“, пред се затворање на училишта, влошување на економските услови, нарушувања на јавните услуги и смрт на родителите, предупредува Фондот за деца на ООН.

– Ковид-19 ја влоши веќе тешката состојба за милиони девојчиња. Но, можеме и мора да ставиме крај на малолетничките бракови, рече извршната директорка на УНИЦЕФ, Анриета Форе, во изјавата издадена во понеделникот.

Пандемијата на тој начин се заканува да го запре напредокот постигнат во изминатата деценија во која стапката на брак на малолетни девојчиња се намали од 25 на 20 проценти, што значи дека 25 милиони вакви бракови не биле склучени.

– Мораме да преземеме итни чекори за да ги намалиме последиците (од пандемијата) врз девојчињата и нивните семејства. Со повторно отворање на училиштата, обезбедување пристап до социјална грижа и услуги и спроведување на законот и соодветните политики, можеме да помогнеме да не се уништи нивното детство, рече Форе.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека 650 милиони девојчиња во светот се венчале пред да наполнат 18 години. Половина од ваквите бракови се случиле во Бангладеш, Бразил, Етиопија, Индија и Нигерија.

Стапката на брак за малолетни девојчиња во Нигерија е 76 проценти, а во Демократска Република Конго 68 проценти, според УНИЦЕФ минатата година.

Стапката на брак на малолетни момчиња е шест пати помала од онаа на девојчињата.

Loading...

Leave a Reply