Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2.
На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. По утринската температура од 2 степени, дневниот максимум се очекува да достигне до осмиот степен.
Слично време ќе имаме и утре. Облачно со врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе изнесува еден степен под нулата, а дневниот максимум до три степени.
И во недела ќе имаме врнежи од дожд и иста дневна температура. Единствена разлика ќе има во утринската температура која ќе биде два степени над нулата.
Слично време носи и понеделник, а веќе од вторник се очекува стабилизирање на временската состојба.
Никола Ивановски