Градот на западот на Германија, Фројденберг, стана ѕвезда на социјалните мрежи откако на Инстаграм беа објавени фотографии од куќи на тоа место кои личат едни на други.
Фројденберг се наоѓа во шумски подрачја во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и е близу до поголемите градови Келн, Дортмунд и Бон, кои се на само еден час со автомобил, додека од Франкфурт е оддалечен час и половина.
Лежи во ридско подрачје, помеѓу 240 и 505 метри надморска височина. Целата нејзина површина зафаќа 54 квадратни километри, од кои две третини се под шума.
View this post on Instagram
Што го прави Фројденберг посебен?
Познат е по својата специфична и автентична архитектура.
Имено, сите негови куќи од 17 век, осумдесет од нив, изгледаат исти и се посебни по начинот на градење. Тие имаат карактеристична црно-бела фасада и вкрстени греди.
View this post on Instagram
Најдобро време да го посетите градот е есен или зима. Тогаш делува уште помагично, особено кога снегот ги украсува покривите на колибите.
Инстаграм sвезда
Зимските фотографии на Фројденберг, чие име во превод значи планина на радост, го направија вистинска ѕвезда на Инстаграм.
Случаен пост на Инстаграм го извлече овој град од мракот и сега му се пишува друга приказна.
Сега сè повеќе луѓе бараат нешто поразлично, нешто што е посебно и сè уште не е видено или посетено.
View this post on Instagram
Затоа постои зголемен интерес за пристигнување на туристите, особено на Јапонците.
Градските власти го препознаа туристичкиот потенцијал на овој град, па затоа ќе го реновираат градскиот парк Курпарк, кој нуди еден од најдобрите погледи.
Во блиска иднина треба да има кафуле со слаткарница и сè што е потребно за вистинско уживање во погледот кон градот.