Мексико замрзна 126 милиони долари на банкарски сметки на криминалци

Сподели со своите пријатели

Мексиканските власти замрзнаа 1.352 банкарски сметки со вкупно 126 милиони долари депонирани од 14 криминални банди. Тоа го објави шефот на финансиското разузнавање Сантијаго Нието, јави ДПА.

Loading...

Парите се од активности како што се продажба на дрога, изнуда и киднапирање.

Повеќе од 400 лица се уапсени, според шефот на полицијата во главниот град, Омар Гарсија Харфуч. Според него, со тоа најголемите криминални организации во Мексико се погодени.

Гарсија Харфуч преживеа напад од нарко картелот „Халиско Нуева генерација“ во јуни.

Златко Шумковски

Leave a Reply