Претставничкиот дом изгласа закон за 2.2 трилиони помош за Американците поради коронавирус кризата

Сподели со своите пријатели

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доцна синоќа изгласа нов закон за поддршка на населението во САД поради Ковид-19 кризата, но несигурно е дали и кога ќе бидат исплатена.  

Loading...

Законот предвидува сеопфатна помош во висина од 2.2 трилиони долари, многу повисока сума од онаа претходно ветена од Белата куќа. Затоа, преговорите продолжуваат и засега е нејасно дали помошта ќе стигне пред изборите во ноември. 

Законот беше изгласан со тесно мнозинство 214 демократски гласови „за“, наспроти 207 републикански „против“. Пакетот мерки би требало да ги зголеми неделните исплати на невработените, да се прошири помошта за малите бизниси, и посебно настраданите сектори во економијата како рестораните и авиопревозниците, и уште еднаш да им се исплатат по 1.200 долари на најголем дел од Американците. 

Преговорите меѓу министерот за финансии, Стивен Мнучин, и Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом, траат цела недела и резултатот беше синоќешното гласање. Сепак, Белата куќа е непоколеблив и постави свои услови, со согласност до 1.6 трилиони долари помош, дури повеќе од претходно ветената сума. Пелоси не беше задоволна. 

-Ова не е ни пола векна, ова е кршничето од векната, изјави таа за време на телевизиско интревју синоќа, откако Белата куќа ја обвини дека е „несериозна“.   

Додека преговорите траат, американската економија се бори да се оддржи во живот. Со веќе искористената помош испорачана по првиот бран пандемија, авиокомпаниите сега најавуваат отпуштање на 30.000 работници, додека минатата недела 837.000 лица за првпат се пријавиле како невработени. Поради пандемијата, од март до денеска, речиси 40 милиони Американци останаа без работа. 

Доколку биде одобрен и овој пакет марки (во Сенатот исто така постојат разногласја), помошта ќе стигне по изборите под новата администрација. А во случај да не биде донесена, тоа ќе значи преживување на американските семејства и бизниси до февруари 2021.

Leave a Reply