Сакале да бидат како „Спајдермен“ па дозволиле да ги касне црна вдовица

Сподели со своите пријатели

Тројца браќа едвај го преживале каснувањето на смртоносниот пајак во обид да ги добијат супермоќите на „Спајдермен“

Loading...

Тројца браќа на возраст од осум до 12 години завршија во болница во Боливија, откако биле каснати од смртоносен пајак.

Смртоносна печурка која го намалува мозокот и уништува нервите доколку ја допрете (ВИДЕО)

Момчињата, чувајќи ги козите, наушле на пајак и во обид да ја добијат моќта на нивниот омилен суперхерој од стриповите на Марвел, го испровоцирале пајакот да ги касне.

За неколку минути, се појавиле и првите симптоми – гадење, болка во мускулите, треска.

Масажа со змии е најновиот светски тренд (ВИДЕО)

Мајката на момчето веднаш забележала дека нешто не е во ред и децата биле пренесени во болницата каде добиле противотров и неколку дена подоцна биле пуштени од болницата.

Leave a Reply