Бидејќи размислувам за тоа цело време, сакам да го споделам со вас она што мислам дека навистина ни го кажува коронавирусот, пишува Бил Гејтс.
Во продолжение неговите 14 заклучоци:
1) Нè потсетува дека сите сме рамноправни, без оглед на нашата култура, религија, професија, финансиска состојба или слава. Оваа болест не третира подеднакво, па можеби и ние треба да се третираме така меѓусебно. Ако не ми верувате, прашајте го Том Хенкс.
Свештеници во борба против вирусот (ВИДЕО)
2) Не потсетува дека сите сме поврзани и дека она што влијае на една личност има влијание врз другите. Не потсетува дека сите лажни граници што ги создадовме имаат многу мала важност затоа што на вирусот не му треба пасош. Тоа нè потсетува, само накратко, за оние ширум светот чиишто животи поминуваат во угнетување.
3) Не потсетува колку е вредно нашето здравје и колку далеку стигнавме за да го занемаруваме, хранејќи се со слабо произведена храна и вода за пиење загадена со моќни хемикалии. Ако не го заштитиме нашето здравје, секако дека ќе се разболиме.
4) Не потсетува дека животот е краток, и што е најважно да се направи – а тоа е да си помогнеме едни на други, особено на оние кои се стари или болни. Нашата цел не е само да купиме тоалетна хартија.
Балканска е мука преголема, за маске упутство нема (ВИДЕО)
5) Нè потсетува на тоа колку материјалистичко станало нашето општество и како во тешки времиња се сеќаваме на она што ни треба (храна, вода, лекови) наспроти луксузни добра на кои честопати даваме незаслужена вредност.
6) Нè потсетува на важноста на нашето семејство и животот во нашиот дом и колку сме го запоставиле. Тоа нè принудува да се вратиме во нашите домови за да можеме да ги изградиме нашите домови и да ги зајакнеме семејствата.
7) Не потсетува дека нашата вистинска работа не е она што го работиме, дека професијата е она што ние го извршуваме, и тоа не е она што сме создадени да го сториме. Наша вистинска работа е да се грижиме еден за друг, да се заштитиме еден со друг и да бидеме корисни еден за друг.
Избегале во планина да се спасат од коронавирусот, завршиле премрзнати и со казна (ВИДЕО)
8) Не потсетува нашето его постојано да го држиме под контрола. Не потсетува дека, без оглед колку мислиме дека сме значајни или колку е важно другите да мислат дека сме, еден вирус може да го запре целиот наш свет.
9) Не потсетува дека моќта на слободната волја е во наши раце. Можеме да избереме да соработуваме и да си помагаме едни на други, да споделуваме, да даваме, помагаме, да се поддржуваме еден со друг, или можеме да избереме да бидеме себични, да чуваме, да се грижиме за себе. Навистина, нашето вистинско лице се гледа во тешкотија.
10) Нè потсетува дека можеме да бидеме трпеливи или можеме да паничиме. Можеме да сфатиме дека ваквите ситуации веќе се случиле многу пати во историјата и дека ќе помине, или можеме да паничиме и да мислиме дека ова е крајот на светот, што, се разбира, ќе ни направи повеќе штета отколку добро.
Пензионерка „креативно“ ја заобиколи забраната за излегување и го прошета кучето (ВИДЕО)
11) Не потсетува дека ова може да биде или крај или нов почеток. Ова може да биде време на размислување и разбирање, каде учиме од нашите грешки, или можеби е почеток на еден циклус што ќе трае сè додека конечно не ја научиме лекцијата што е наменета за нас.
12) Потсетува дека оваа Земја е заболена. Не потсетува дека е неопходно да ја согледаме стапката на сечата на шумата исто толку итно како што гледаме во брзината со која ролните тоалетна хартија исчезнуваат од полиците во продавниците. Ние сме болни затоа што нашиот дом е болен.
СВЕТОТ НАВИВА ЗА НИВ: Љубов во време на самоизолација (ВИДЕО)
13) Не потсетува дека после секоја тешкотија, доаѓа олеснување. Животот е цикличен и ова е само фаза во еден голем циклус. Не ни треба паника; и ова ќе помине.
14) Додека многумина го сметаат коронавирусот/Ковид-19 како огромна катастрофа, претпочитам да го гледам како „огромен корекот“. Испратен е да не потсети на важни лекции што се чини дека ги заборавивме и зависи од нас дали ќе ги совладаме или не.